05 Декември, 2025
0.0471

„Ми го запалија возилото и ми испратија јасна порака дека треба да престанам да поставувам ред во затворот“: Разговор со Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2025 15:10

Добивај вести на Viber

Условите во затворите, често се тема на јавна критика. Во јавноста сѐ почесто се говори за тоа дека во затворите владее безредие, хаос и дека поправната улога во затворските установи е минмална или незначителна. 

За состојбите во затворите, во рамките на своите годишни извештаи информира и Народниот правобранител. Тој е една од институциите кои надвор од затворската управа, ги застапува правата на осудените лица и ги разгледува нивните претставнки. 

Во рамките на затворот поставени се дури и сандачиња во кои осудените лица на издржување затворска казна можат да ги испраќаат своите претставки и поплаки директно до Народниот правобранител. 

Но перспективите на Народниот правобранители оние на затворската управа често се разминуваат. Според затворската управа, континуирано се работи на подобрување на сместувачките и безбедносните капацитети во затворите, додека Народниот правобранител во своите извештаи бележи голем број проблеми на кои се жалат осудените лица. 

Во разговор за „Женски магазин“, директорот на КПУ Идризово, Зоран Јовановски, истакна дека откако стапил на функцијата, се соочил со голем број проблеми, пред сѐ, голем број осудени лица кои требало да издржуваат затворска казна воопшто не се наоѓале во затворите. 

Во текот на неговото раководење со затворот во Идризово, запазени се прописите за регулирање на сместувачките капцитети во затворите и создадени се можности за интензивирање на секундарната социјализација и вршење на корисна работа пред сѐ во полуотвореното одделение, како и во женскиот затвор. 

Но самиот истакнува дека затворите се преполни и дека веќе немаат капацитети да сместуваат затвореници, во исто време кога стапката на криминалитет е зголемена и бројот на пресуди за издржување затворска казна е во пораст. Јовановски, од почетокот на своето раководење со затворот се соочил со индиректна закана, но јасна порака да се компромитира со условите кои ги поставуваат криминалните групи кои имаат своја мрежа во затворите. 

Неговото возило било запалено и тоа тој го толкува како јасна порака, но вели во интерес на сите, пред сѐ на самите затвореници е да се воспостави ред и поредок, тоа ќе се воспостави и правичен однос на управата и еднаквост помеѓу затворениците во поглед на обезбедување на условите на кои тие имаат законски, граѓански и човекови права. 

Целиот разговор со генерал мајор м-р Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“ погледнете го во продолжение: 


Магдалена Стојмановиќ - Константинов | Женски магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите