29 Март, 2024
0.0270

Мицкоски бара итна средба со Иванов и Заев

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара итна и неодложна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев на која ќе се разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу Заев и грчкиот премиер Алескис Ципрас за севкупна употреба на името Република Северна Македонија за државава. 

Како што информира на денешната прес-конференција, иако веќе доставил барање за средба до претседателот на државата се уште нема добиено потврда од Иванов, но очекува во текот на денов да има средба и со Иванов и со Заев. 

Тој нагласи дека вчера постигнатиот Договор е апсолутен пораз за македонската дипломатија кој, како што рече, никако не може да се прикаже како победа и побара министерот за надворешни работи Никола Димитров да поднесе неотповиклива оставка.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име и додаде дека ќе ги искористи сите правни средства што му стојат на расплоагање против Договорот. Не прецизира што конкретно ќе преземат, наведувајќи оти граѓаните за тоа благовремено ќе бидат известени.

- Цената ќе ја плаќаат граѓаните на Македнија со нивната чест и достоинство. Ова е апсолутен пораз на македонската дипломатија и никако не може да се прикаже како победа. Ова е изневерување на ичекувањата на граѓаните, рече Мицкоски.

Го обвини министерот  Димитров дека учествувал во оваа капитулација и посочи на неговата изјава дека ако тоа помогне ќе си поднесе оставка. - Тој момент дојде. Прв чекор е да даде оставка, рече Мицкоски.

Го обвини Заев дека откако е премиер, Македонија губи од својот идентитет, од атрибутите што ја дефинираат како држава, го менува Уставот. ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Мицкоски, нема тоа да го прифати, ниту поддржи.

На новинарско прашање дека договорот го поздравија сите клучни меѓународни фактори и го оценија како историски и дали ставот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен со претходно искажаните тврдења дека се залага за прием во ЕУ и НАТО, Мицкоски одговори дека меѓународната заедница цело време охрабрувала да се постигне договор, но не навлегува во содржината на договорот.

- Логична е ваквата реакција на меѓународната заедница, но ние како граѓани на Република Македонија ќе живееме со последиците од ова капитулантско дело на Зоран Заев, рече Мицкоски.

Негира дека постои руско влијание врз ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи оти најисточно патувал до Софија, наспроти многубројните посети и престои во западните земји.

Прашан дали имал некаков контакт или консултации со лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис, Мицкоски рече дека досега немал никаква средба, ниту каква било комуникација со него.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата