МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2025
Премиерот Христијан Мицкоски е во посета на САД, каде освари средба со повеќе влијателни лица со потекло од земјава но и со лица кои се блиски до Доналд Трамп.
Денес премиерот објави дека бил во посета на црквата Свети Никола во Њу Џерси.
„Во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси. Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, напиша тој на фејсбук.