САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Јануари, 2025 20:10
Босанската престолнина Сараево вечерва е најзагаден град во светот, а Скопје е 11-ти на листата на air visual.
Владата на кантонот Сараево прогласи состојба на тревога поради исклучително загадениот воздух, бидејќи според податоците на Светскиот индекс на квалитет на воздухот главниот град на Босна и Херцеговина е најлош во светот.
За да го заштити здравјето на граѓаните, владата на кантонот Сараево воведе дополнителни мерки за ограничување. Забрането е возење на возила со мотори Еуро 3 и пониски во потесната градска зона, а наложено е и привремено сопирање на технолошките процеси кои произведуваат прашина, каде што тоа е технички изводливо.
На работодавците им е препорачано организирање на работата од дома, додека капацитетите на јавниот превоз кој не ја загадува животната средина се зголемуваат. Промена на временските услови која може да влијае на квалитетот на воздухот се очекува дури во четврток, но кантонот Сараево предупредува дека е неизвесно дали тоа ќе доведе до значително подобрување.
Власта апелира до граѓаните да го минимизираат престојот на отворено и да избегнуваат физички активности надвор. Заводот за јавно здравство на кантонот Сараево објави детални здравствени препораки за населението подобро да се заштити од негативните последици на загадувањето.
Втор е Дака во Бангладеш, а трет е Њу Делхи во Индија. На четвртото место е Лахоре во Пакистан, а на петтото е Катманду во Непал.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




