22 Јануари, 2025
0.0279

ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ НА КЛИНИКА - се наѕира ли крајот на проблемите во операционите сали?!

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Целосно е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ посочуваат дека веќе се монтирани и инсталирани три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). 

- Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC.

Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници.

По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција - се појаснува во соопштението испратено до медиумите. 

Новиот систем треба да обезбеди континуирано и сигурно снабдување со компримиран воздух, кој е неопходен за функционирањето на оперативните сали и други медицински установи во болничкиот комплекс.

Веста на својот фејсбук профил ја сподели и министерот за здравство, Арбен Таравари. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали