Мицкоски: Да го поразиме ова раководство на Зоран Заев и тоа веднаш
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес - конфренција изјави дека ќе учестуваат на изборите кои ќе бидат закажани за 15 јули.
Вели дека се водел од два принципи досега, заштита на волјата и здравјето на граѓаните.
„Прифатено е ранливите категории на граѓани да гласаат на изборите од дома. Сигурно многумина се прашуваат зошто имаше одолговлекување. Едноставно е, не можев да прифатам избори кои ќе значеа газење по човечки животи“, вели Мицкоски.
Ги повика граѓаните да го поразат СДСМ на избори.
„Од оваа наша одлука зависи иднината на нашата земја, на нашите деца“, рече тој.
Вели дека имаме економско фијаско, капитулација во здравството, а стратешките цели не се остварија.
Вети раст на платите, намалување на невработеноста под 10 отсто, инвестиции во патишта и многу други проекти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.