26 Јуни, 2024
0.0307

МИЦКОСКИ: Да знаеја со што се зафати, немаше да ја критикуваат, јас сум задоволен од Арсовска

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат М, во врска со работата на градоначалничката на Град Скопје, истакна дека е задоволен од првичниот перформанс која таа го покажа на функцијата, имајќи предвид дека нејзиниот претходник градот го оставиl во катастрофална состојба. 

„Сосема сум задоволен од првичниот перформанс имајќи предвид информации кои јас ги знам, што за жал не ги знаат доволно граѓаните. Состојбата која беше затекната е алармантно катастрофална. Тоа требаше да го знае јавноста и тогаш дел од овие критики кои се упатени кон градоначалничката Арсовска немаше да бидат упатени бидејќи луѓето ќе ја знаеја состојбата со која таа се зафати. Навистина е херојски добро да се зафати некој со една таква состојба да ја решава“, рече Мицкоски. 

Тој посочи дека според оваа перцепција и она што и е на располагање на Арсовска таа може да направи три работи, прво да дозаврши нешто кое што е почнато од нејзиниот претходник бидејќи се што е почнато е почнато без да биде осмислено, а  градот е преземен со потрошен буџет. 

„Втората работа е да ја подобри хигиената и мислам дека видливо во Скопје, се чистат депонии, веќе нема преполни контејнери, веќе нема отпадоци по улиците. Третата работа е да се подготвува за следната сезона, а тоа е да отпочне со проектирање на проекти и реализацијата на тие проекти да заврши на пролет, да се подобри администрацијата и тоа е она што таа го има на располагање во овие месеци“, изјави Мицкоски. 

Тој нагласи дека јавноста треба да знае каде завршувале парите, што се случувало во јавните претпријатија, како се гоштевале и имало привилегирани лица.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра