Мицкоски: До сега сум во одлична здравствена и физичка кондиција
Објавено во: Македонија 10 Април, 2020
До овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук. Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека двајцата лидери - и Мицкоски и Зоран Заев треба да се во самоизолација поради тоа што имале интервју со телевизиски новинар кој е заболен. За Мицкоски, Филипче рече дека тестот е готов и дека е негативен
„Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место, пишува Мицкоски.
Додава и дека продолжува од дома да ја следаи состојбата.
„Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје.
И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави, пишува Мицкоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.