МИЦКОСКИ ГЛАСАШЕ И ПОРАЧА: Чувствувам дека овие локални избори се продолжување на процесот на реформи
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 19:21
Чувствувам дека овие локални избори се продолжување на процесот на реформи, процесот на развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако заедно со сопругата Рози гласаше во рамките на вториот круг на локалните избори, во основното општинско училиште „Димо Хаџи - Димов“ во општина Карпош.
Тој посака среќен и мирен изборен ден, исто како и во првиот круг од локалните избори.
- За кои мислам дека се убедливо најдемократски и најфер, некогаш организирани во демократска Македонија. Посакувам и денешниот ден да биде таков. Им благодарам на граѓаните кои излегоа и гласаа во првиот изборен круг. Исто така, им благодарам на граѓаните кои и за време на вториот изборен круг ќе излезат и ќе гласаат, истакна Мицкоски.
Притоа додаде дека, на овие избори, имало јасна разлика помеѓу концептите што политичките партии ги понудија.
-Јасен е концептот што го нуди коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јасен е концептот што го нудат нашите политички противници. Благодарност до граѓаните кои во првиот круг излегоа и во огромна бројка ја дадоа довербата за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалниците и советниците во советите на општините, нагласи Мицкоски.
Тој подвлече дека очекува таква да биде јасна разликата и голема победата и после овој, втор круг.
- Едноставно, да не дозволиме помали бучни групи или поединци, да ја креираат, ја профилираат нашата иднина. Туку, граѓаните иднината да си ја земат во свои раце и да излезат и да гласаат на овие локални избори, рече Мицкоски.
Притоа додаде дека промените биле почнати, процесот на реформи бил веќе почнат и тоа било процес што ќе следувал во годините што се пред нас.
- Сепак станува збор за децении кога работите биле ставани под тепих, или децении во кои апсолутно, многу малку се гледало за државата, а многу повеќе се гледало за просперитетот на поединци. Чувствувам дека овие локални избори се продолжување на процесот на реформи, процесот на развој на Македонија, нагласи Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните да излезат достоинствено и демократски да ја изразат својата волја и својот глас да го дадат за тој кој мислат дека е подобар.
На новинарско прашање, Мицкоски ја спомена и програмата на, како што рече, идниот градоначалник на Град Скопје од нивните редови - Орце Ѓорѓиевски.
- Мислам дека ќе се види драматична разлика уште во првите денови, во првата недела, во првиот месец, во првата година, споредено со кој било негов претходник во минатото. Бидејќи верувам дека е мотивиран, жестоко е мотивиран, ја има мојата поддршка, ќе ја има поддршката од Владата, ќе ја има поддршката и од мнозинството советници во Советот, советите во општините во Градот Скопје и градоначалниците во градот Скопје. Така што очекувам голем чекор напред, додаде Мицкоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





