Мицкоски: Интегра се интегира во ВМРО - ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес - конференција изјави дека по разговори во изминатиот период, Интегра се интегира во ВМРО-ДПМНЕ.
Трансферот на заедничка средба го официјализира Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.
Зафировски рече дека лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење.
Мицкоски рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата Интегра велат дека нема преминување на раководството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.