20 Декември, 2025
0.0596

Мицкоски: Македонија плаќа 8 ма најскапа струја во Европа

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022 10:02

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави статистички податоци, според кој македонските компании кои не се на слободниот пазар, односно се регистрирани како мали потрошувачи, плаќаат осма најскапа струја во Европа.
„Македонското стопанство во првото полугодие од 2022 година плаќа осма најскапа струја во Европа според EUROSTAT и Државниот завод за статистика. Невистина е дека владата се грижи за стопанството. Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании.

Според Македонскиот завод за статистика, компаниите кои годишно трошат помеѓу 500 и 2.000MWh струја, а тоа се најголемиот дел од оние 72.000 компании за кои владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа. Имено, според извештајот на Македонскиот завод за статистика тие компании плаќаат 10,391 ден/kwh (слика 2), а тоа е еднакво на 0,16864 ден/kwh или 168,64€/MWh“, објави претседателот на најголемата опозициска партија.

Земјите од регионот, вели Мицкоски, според EUROSTAT плаќаат поевтино: Србија 89,3 €/MWh, БиХ 71,4 €/MWh, Турција 117,1 €/MWh, Косово 65,9 €/MWh, Хрватска 141 €/MWh, Словенија 143,5 €/MWh.

Мицкоски додава дека кога тој бил генерален директор на ЕЛЕМ, во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најефтина струја во Европапо цена од 69,5 €/MWh.
„За пет години цената на струјата за Македонските компании владата на СДСМ ја зголеми за речиси 2,5 пати“, пишува Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки