20 Декември, 2025
0.0402

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

Објавено во: Економија 14 Мај, 2025 11:42

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во Охрид на новинарско прашање одговори дека на 20 мај ќе биде избран гувернер со нов мандат во Народна банка. Како што рече тој, продолжуваат консултациите за изборот со претседателката Гордана Силјановска Давкова.

- Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот. Ќе продолжиме со разговорите и до крајот на оваа недела ќе биде јасна позицијата. Очекувам во понеделник да биде информирано Собранието, а на 20-ти мај има седница. Разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на тој датум. Така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски.

Како што објави Фактор, во игра се четворица кандидати, и тоа актуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, која има право на реизбор и за следните години, потоа поранешните министри за финансии, Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и за Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одбор на КИБС. На анкетите за можен гувернер се споменува и името на професорот Борче Треновски. Мицкоски додаде дека предност ќе му се даде на оној кандидат кој има цврст став дека курсот на денарот треба да остане фиксиран.

Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, да ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, се грижи за подржување на ниски цени, стабилен курс на денарорт, ги контролира банките и слично.


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба