ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА - кој ќе седне на престижната функција во Народната банка
Објавено во: Финансии 09 Мај, 2025 12:52
На почетокот на наредната недела најверојатно ќе се знае кој ќе биде предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за избор на новиот гувернер на Македонија, за кој во Собранието треба да се гласа на 21 мај оваа година.
Според сознанијата на Фактор, законските рокови не се надминати, така што, доколку предлогот се достави на почетокот на следната недела, тоа би било сосема коректен термин за народните избраници да изградат свој став за кандидатот за прв човек на момнетарната власт, со неговите стручни знаења и способности, но и со пограмата според која би работел во својот мандат во следните седум години, колку што трае мандатот на гувернер на централната банка.
Она што останува за следните неколку дена е да се направат сите потребни финални консултации, за првата дама на земјава да донесе конечна одлука кој би бил претендентот за човек кој во следните седум години ќе се бори со инфлацијата и ќе го чува девизниот курс на домашната валута на земјава. Чисто како информација, во недела претседателката ќе го прослави и својот роденден.
Како што објави Фактор, во игра се четворица кандидати, и тоа актуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, која има право на реизбор и за следните години, потоа поранешните министри за финансии, Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и за Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одбор на КИБС. На анкетите за можен гувернер се споменува и името на професорот Борче Треновски.
Овие имиња биле ставени и на анкети меѓу граѓаните, а кои треба да и помогнат на владејачката гарнитура да го направи најдобриот избор за компетентен кадар кој треба да седне на оваа престижна функција.
Гувернерот се бира на предлог на претседателот на државата, а се избира во Собранието на Македонија, за што се потребни 61 глас, односно мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Македонија.
Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, да ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, се грижи за подржување на ниски цени, стабилен курс на денарорт, ги контролира банките и слично.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




