Мицкоски на Пломп му се пожали дека власта нема капацитет за реформи
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со холандскиот амбсадор Волтер Пломп, изјавил дека постои недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кои се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија, соопштија од партијата.
„Оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон преку кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи и корупцијата и криминалите на власта како еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали“, стои во партиското соопштение.