Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари
Објавено во: Економија 17 Јули, 2025 21:03
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна на барањата од страна на пензионерите околу прашањето за линеарното зголемување на пензиите, најавувајќи ново зголемување во следните 6 месеци.
Премиерот Мицкоски кажа дека се прават анализи за линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на пролет, т.е. дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредните шест месеци.
„Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било тоа процентуално зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, да го поделиме со бројот на пензионери. Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега на есен во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април за март практично, односно 2.000 да има зголемување линеарно за сите пензионери во рамките на следните шест месеци. Сериозно сме во таа анализа и многу скоро, бидејќи тоа мора да се случи пред распишувањето на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници ќе го поднесеме тоа“, рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека секаде каде оди и разговара со пензионерите тие бараат линеарно зголемување и затоа Владата е многу блиску до носење на таква одлука.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




