Мицкоски очекува двоцифрена разлика во пратеници
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Двоцифрена разлика во пратеници, очекува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој најави убедлива победа на изборите на 15 јули и вели дека доаѓа обновата на Македонија. Рече дека овие години имало само виткање на кичма.
„Стравот можевте да го видите денес, на едно друго лице, кај еден друг политичар, со друго име и презиме“, вели Мицкоски.
Тој рече дека верува во своите поддржувачи и очекува историска победа.
„Верувам во народот и верувам во мудроста на народот, а заедно сме посилни, и се надевам на 15 јули ќе се најдеме на истово ова место“, изјави Мицкоски.
Вели дека во согласност со протоколите, секој граѓанин кој сака ќе може да гласа.
Ги повика граѓаните да ја поразат актуелната власт.
Мицкоски рече дека нема никаква комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и дека се борат за својот простор, да ја добијат довербата од што повеќе граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.