Мицкоски: Овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во вонредното обраќање изјави дека oна што тој го кажа претходно, дека Бугарија бара анекс на Договорот за добрососедство се потврди денеска.
Вели дека за ова тој предупредувал. Ќе бара обединување затоа што со корените и историските факти нема преговарање.
„Ги повикувам овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми“, рече Мицкоски.
Кажа дека доколку тоа го направат, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поништи.
Власта ја предупреди да не си игра со чувставата на граѓаните и македонската нација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.