Мицкоски: По две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние уште сме на истото место
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 20:30
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека по две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини.
Тој говореше на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз.
Мицкоски потенцира дека земјава го почна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата, стана кандидатка за членство во 2005 година, заедно со Хрватска, со која заедно го доби и првиот позитивен извештај за започнување на преговорите во 2009, но за жал денес е на истото место каде што беше и пред 25 години.
„Не, поради Копенхашките критериуми, не поради неисполнување на некои обврски, туку поради некои вештачки спорови, како што се нашето национално знаме, нашето национално име, името на земјата, поради оваа промена на уставот, па потоа поради онаа. И сега повторно сме пред уште една пречка, уште едно ограничување наметнато пред нас за промена на Уставот“, вели премиерот.
Мицкоски истакна дека и покрај сите овие пречки, ние се уште веруваме дека нашата иднина е во Европската Унија.
„Ние сме дел од европскиот континент и веруваме дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ претставува додадена вредност за самата ЕУ, а тоа значи еден вид реобединување на европски континент и мислам дека иднината на мојата земја и иднината на мојот народ, Македонците, е во Европската Унија. Затоа, и покрај сите овие понижувања и разочарувања и покрај сегашната фрустрација на нашите граѓани, се уште ги споделуваме истите вредности“, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека кога Преспанскиот договор „беше на маса“, многумина говореа дека сме лидери во регионот и сме далеку пред другите земји од Западниот Балкан и веднаш штом ќе најдеме решение за спорот со името со Грција ќе станеме членка на НАТО, а за четири или пет години и на ЕУ.
Според него, суштината на тие уставни измени е вклучување во Преамбулата на Уставот на дел од бугарскиот народ што живее во нашата земја, а станува збор за неколку стотици луѓе, кои на последниот попис се изјасниле дека нивниот мајчин јазик е бугарскиот.
Тој потенцира дека сега се поставува прашањето дали таа измена на Уставот ќе биде последното нешто што ќе треба да го направиме или во иднина ќе има и нови барања.
„Зошто треба да внесеме неколку стотици граѓани на нашата земја во нашиот Устав? Зборуваме за непочитување на човековите права на некого? Кои сме ние политичарите да проценуваме дали нечие право е прекршено или не? Можеме само да го злоупотребиме тоа прашање. Вистинската институција која проценува дали нечие право е прекршено или не е во Стразбур и се нарекува Европски суд за човекови права“, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека неколкуте стотина припадници на бугарската заедница во земјава ги имаат сите права и се дел од нашите институции, а од друга страна на десетици илјади припадници на македонската заедница во Бугарија не им е дозволено ниту да регистрираат невладини организации.
Премиерот потенцира дека тој Суд во последните неколку години 14 пати пресуди во корист на македонската заедница во Бугарија и ниту еднаш во полза на бугарската заедница во земјата, што го покренува прашањето зошто ние да го промениме Уставот и што е со човековите права на припадниците на македонската заедница во Бугарија. Вели дека токму затоа Владата го покренува прашањето за почитувањето на меѓународното право и резолуциите заштитата на човековите права.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?
ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот
САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ
МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји
ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски
(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот
Градските инспектори ќе работат трета смена за да гледаат кој фрла отпад по 22 часот





