19 Декември, 2025
0.0505

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе го прифатиме најдоброто

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 12:30

Добивај вести на Viber

Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со меѓународните банки и финансиски институции кои се пријавија да ја финансиираат брзата пруга од Коридорот 10.

Мицкоски рече дека не може да каже која камата ја понудиле банките и финансиските институции.

„Не можам да ви кажам зашто понудите се доверливи. Не би зборувал и за бројка додека не поминат на владина седница. Интересот е голем. Утре, покрај редовната ќе имаме и затворена владина седница. Очекувам информација од Министерството за финансии и да се предложи меѓусекторска работна група што ќе ги анализира пристигнатите понуди. Прв услов е да видиме дали сите тие понуди ја понудиле сумата што ја бараме. Тоа ќе биде првиот катализатор, а дури потоа ќе влеземе во нивна длабинска анализа, па дури потоа можеме да зборуваме за повеќе детали“, објасни премиерот.

Во однос на американските царини, Мицкоски информира дека ако САД и ЕУ не успеат да се усогласат околу тарифите, тоа ќе има влијание и на нас. Сепак, тој е сигурен, како што напомена, дека со јасна и концизна политика ќе успееме да го одржиме макроекономскиот баланс и стабилност и граѓаните тоа да не го почувствуваат.

„Во процес на преговори сме со САД. Оптимист сум дека се движат во правилна насока. Очекувам во текот на оваа недела да имаме генерално развој на настаните во позитивна насока и фокусирани сме до крајот на овој месец да постигнеме договор што ќе значи повеќе за македонската економија и македонските граѓани“, кажа тој.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?