06 Декември, 2025
0.0377

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 14:45

Добивај вести на Viber

Опозициската СДСМ вели дека Британската амбасада преку соопштението потврдила да соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција.

„Изгореа лагите од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.ДПМНЕ вчера ги нараче „фантазија на СДСМ“ пишувањата на британски медиуми дека има соработка меѓу македонската и британската влада за прифаќање мигранти . Дури рекоа дека сме биле подготвени да измислиме „колонизација на марсовци во Македонија“. Еве денеска, Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција. Кој сега лаже? ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш. А кој лаже тој и краде! А тоа особени се гледа овие денови“, велат од СДСМ.

Според нив, премиерот Христијан Мицкоски сака да ја направи Македонија „депонија за мигранти“.

„Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт. Ајде да видиме што сега ќе измисли ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе зготви следно нивната кујна за лаги“, реагираат од СДСМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација

„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација