29 Септември, 2024
0.0282

МИЦКОСКИ: Се додека бугарската страна инсистира дека сме биле Бугари до 1945 година, не сум оптимист за решение со Софија

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не е оптимист за решение со Софија се додека бугарската страна инсистира дека сме биле Бугари до 1945 година, односно дека имаме заедничка историја од среден век до 1945 година и се додека преговарат луѓе кои, како што рече, не знаат да преговараат.

„Сакам да бидам оптимист. Цело време сме оптимисти дека ќе има достоен договор, дека ќе биде договорот не едностран туку ќе биде навистина пропорционален. Но, за жал, досега тоа не се случило иако ме убедуваа порано дека ги решиле сите проблеми со соседите. Гледаме дека не се решени проблемите со соседите, сосема спротивно. Отворен сум како и секогаш. Не е суштината трипати да преговараме за ова, еднаш за историјата. Суштината е изминатите месеци и години кога добивавме вето добивавме поради една едноставна причина, а тоа е дека ние не можеме да прифатиме дека сме биле Бугари до 1945 година, односно од среден век до 1945 година дека имаме заедничка историја и дека сме биле Бугари. Малку парадоксално сето тоа звучи. Од прилика на тоа се сведува. Колку и да се обидуваат да ни кажуваат четири пати вака, трипати вака“, вели Мицкоски на новинарско прашање дали е оптимист и што очекува од работата на комисиите кои се формирани за продлабочување на соработката со Бугарија.

Тој додава дека него повеќе го загрижува што, вели, континуирано се тргува со нашите преговарачки позиции и начинот на кој се водат преговорите.

„Континуирано се лицитира со нешто со што не треба да се лицитира. Така не се водат преговори. Но, ги разбирам, преговараат луѓе коишто во животот не преговарале. Преговараат луѓе коишто во животот само знаеле што значи да наведнат глава и по принципот на полжавот да стигнат до врвот. Не знаат што значи навистински да се испреговара и да се успее во тие преговори. Тоа е суштината. Од наша страна имаме таков вид на преговарачи по принципот на онаа приказна со полжавот. И заради тоа жалам што ова ќе го констатирам. Треба јавноста, македонскиот народ будно да го следи овој процес затоа што вака како што тргнале работите мислам дека не ни се пишува на добро. Среќа што немаат две третини во Парламентот па не ќе можат некои одлуки да ги спроведат и среќа што нема повеќе такви коишто ги изнесуваат па ги вадат од затвор за да може да ги уценат“ вели Мицкоски. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“