Добивај вести на Viber
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се пофали дека денот го поминал работно со делење на новогодишни пакетчиња во шест скопски општини.
„Денес во општините Бутел, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров, со голема радост и предновогодишен дух, поделивме пакетчиња за нашите најмили, децата. Оваа акција е само уште еден потсетник дека секоја насмевка вреди, особено кога доаѓа од најискрените срца“, порача Мицкоски.
Тој беше придружуван од градоначалниците, а во подоцнежниот поткаст наведе дека подароците ги делел при посета на десетици семејства.