19 Декември, 2025
0.0348

Мицкоски се сретна со Радев, побара трајно решение за спорот

Објавено во: Балкан 19 Јули, 2024 10:24

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во Оксфорд.

„Румен Радев, во разговор со премиерот Христијан Мицкоски, изрази надеж дека Република Северна Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со Европската Унија, кои ќе ја отвори перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ“, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател.

На билатералните средби во Лондон, премиерот Мицкоски ја истакна потребата од регионална енергетска соработка, „бидејќи сите земји од регионот и Европа мора да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание“.

Тој на средбата со Радев побарал трајно решение на проблемот со Бугарија. Мицкоски минатиот месец изјави дека се додека е на функција нема да се потчини на „бугарскиот диктат“ за уставни измени.

„Главен приоритет на Македонија и на новата Влада на Македонија се добрососедските односи и евентуално изнаоѓање трајно и стабилно решение на проблемот што го имаме со нашиот источен сосед“, нагласи Мицкоски за средбата со Радев.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен