Мицкоски тврди дека Заев продал земјиште на брат му, СДСМ вели дека тој е во филмот на Груевски
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2018 14:50
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека јавното обвинителство мора да го испита и овој случај од 2014 година кога братот и братучедот на премиерот Зоран Заев добиле дозвола за градба на територијата на општина Струмица во период кога градоначалник на општината бил токму Заев.
Овде се работи за класичен конфликт на интереси и за целосна морална дисторзија, изјави Мицкоски, објавувајќи уште една афера за Заеви.
На 29 декември 2014 на јавното наддавање за отуѓување на 18.462 метри квадратни градежно земјиште во Струмица единствен пријавен бил Сашко Брлевски, бизнис партнер на компанијата на Вице Заев, брат на Зоран Заев. Постигната била цена од 2.300 денари за еден метар квадратен, тврди Мицкоски.
„На таа парцела биле предвидени објекти за колективно домување. Општината во февруари 2016 година на таа локација дава одобрение за градба на објекти со вкупна површина од 52 илјади квадрати. Значи градоначалникот Заев дава дозвола за градба на Брлевски. Истиот месец тоа право за градба се пренесува на фирмата на Вице Заев Тотал инженеринг, истата фирма замешана во скандалот со ископ на јаглен за РЕК Битола. Правото за градба е пренесено и на АД Пелагонија Струмица, фирма во која член на Управен одбор е Трајче Заев, братучед на градоначалникот. Брлевски за ова добива еден стан од 40 квадрати, а се работи за зделка од која се заработуваат милиони евра. На овој документ стојат потписите на Зоран Заев, на Вице Заев, Сашко Брлевски и на директорот на Пелагонија. Зградите се градат од компанијата на братот на премиерот и од Пелагонија. Еве како во Струмица се правеле бизниси, како братот и братучедот на Зоран Заев добиле дозвола за градба“- изјави Мицкоски.
Тој повика да се испита и потеклото на имотот на Сашко Брлевски, човекот кој посредувал во овој бизнис.
Мицкоски е лош актер влезен во филмот на Груевски, постапката е чиста, тоа е проверено преку бројни контроли, велат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски кој слично како и Мицкоски со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во општина Струмица. Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите и доколку постоеше и најмало сомневање за сторен криминал од страна на претседателот Заев и неговото семејство тие веднаш ќе беа процесуирани. Јавноста се уште памети дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции буквално со месеци живееја во Струмица и не успеаја да најдат ништо незаконско. Затоа, несериозно и неодговорно е Мицкоски денеска после четири години да се обидува да оживува потрошени лажни и наводни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е уште една промашена прес-конференција на Мицкоски коja исто како и претходната е целосно разобличена. Залудни се измислените наводи на Мицкоски, постапката е чиста и транспарентна и е во интерес на Oпштина Струмица и економијата“- реагираат од СДСМ.
Со денешниот настап, Мицкоски повторно покажа дека е лош актер влезен во филмот на неговиот претходник и исто така лош актер, Никола Груевски, стои во реакцијата на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!




