Мицкоски: Во грчките медиуми во 13 точки ја има објаснето капитулацијата на Македонија
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018
Во грчките медиуми во 13 точки ја има објаснето капитулацијата на Македонија, изјави на прес-конференција вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој вели дека на референдум ќе гласа против, и дека решението не е достоинствено.
Мицкоски рече дека се подготвени за избори. Тој поради новите случувања рече дека ги откажува посетите во странство.