16 Февруари, 2025
0.0282

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон објави заедничка фотографија со Такер Карлсон,познатиот новинар кој направи интервјуа со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за време на војната во Украина.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“,објави Мицкоски.
Премиерот денеска ќе присуствува на инаугурацијата на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп, а при тоа оствари средба со неговиот соработник Давид Нунес. Мицкоски имал состанок со Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија,како и со бизнисмените со македонско потекло Џон Битов и Крис Павловски.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“,додаде Мицкоски.



Можеби ќе ве интересира

Лекарите бараат капитациски бод од 100 денари

Лекарите бараат капитациски бод од 100 денари

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари - смртни последици“

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари - смртни последици“

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Изгоре фабрика за полиестер во село Неготино

Изгоре фабрика за полиестер во село Неготино

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија