Кривичен суд: Притвор за Раде Трајковски - Штекли и за уште деветмина
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2025 09:48
Кривичен суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски - Штекли и уште деветмина од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. Определен е и притвор за две лица кои се во бегство.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење
организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување
присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање
во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори
согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден
беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В.,
А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка
притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165
ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат
дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување
на делото.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против
две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да
се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот
совет“, објави Кривичен суд.
Македонската полиција денеска пред два дена го уапси Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за апсењето на Штекли. Тој се сомничи за трговија со дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.
Во 2024-та година имаше три обиди за убиство на Раде Трајковски - Штекли во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ како и во неговата семејна куќа. Според дел од медиумите, се смета за близок до картелот „Беланоца“.
Можеби ќе ве интересира
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава
ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад
УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава
„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ
БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје
(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани
Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село





