06 Ноември, 2025
0.2233

Мицкоски: Возбуден и среќен сум за отворањето на Центар за развој на вештачка интелигенција во Македонија

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2025 11:50

Добивај вести на Viber


Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера објави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ (центри за развој на вештачка интелигенција) во Западен Балкан, едната во Македонија, а другата во Србија.

Мицкоски рече дека Владата континуирано работела на реализација на овој проект. 

„Тоа е проект предводен од владата, поточно Министерството за дигитална трансформација. Тоа е нешто одлично за граѓаните на Македонија. Бидејќи за прв пат ќе ги користиме нашите локални ресурси, го направивме ова со факултетите на ФЕИТ и ФИНКИ, со колегите од таму. 

И ова е нешто за што сум навистина возбуден и среќен. Околу 5 милиони евра кофинансирање, практично нашите експерти, нашите студенти, професионалци ќе можат да ги користат и апсорбираат ресурсите што ги има самата ЕУ и добро е што претседателката Фон дер Лајен го најави ова, бидејќи станува збор за два проекта, едниот е проект што го доби Македонија, додека другиот е проект што го доби Србија. 

Досега ги користевме искуствата и ресурсите на соседните земји, сега ќе имаме свој центар што ќе се занимава со вештачка интелигенција“, рече Мицкоски, меѓу другото.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна големата акција за чистење на Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна големата акција за чистење на Скопје

(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува

(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува

Водата во Берово е забранета за пиењe

Водата во Берово е забранета за пиењe

Пожар изби над селото Арнакија

Пожар изби над селото Арнакија

Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација

Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација

Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата

Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата

ДИК го oтфрли приговорот за Брвеница

ДИК го oтфрли приговорот за Брвеница

Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации

Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот