07 Октомври, 2024
0.0274

Мицкоски за Фокус: Јас сум жртва на уцени на Катица Јанева

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот, вели во интервју за Фокус, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На прашање во врска со објавите на Специјалното јавно обвинителство за предистрагите и за предметите кои почна да ги истражува Мицкоски вели:

Мицкоски: Не може специјалниот јавен обвинител секогаш на пресконференија да излегува и да лицитира со имиња и да нарушува пресумпција на невиност и практично да ги осудува луѓето, а притоа да не ја информира јавноста дали имаме предистрага или истрага… не може во сѐ да има криминал. Мора да постојат докази за некаде каде што нема сторено криминал. Што значи дека се изгуби објективноста. Понатаму, имам сведочења од пратеници коишто практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото и конечно на крај, сведоци сме на најголемиот скандал во поновата историја на Република Македонија „Рекет“, каде што со очи македонската јавноста можеше да ги види парите во куферот и да ја слушне Катица Јанева дека се ќе било ОК. Зарем вие мислите дека овие, Бојан Јовановски, Катица Јанева и останатите учесници сами можеле ова да го направат? 

ФОКУС: Ќе покаже истрагата или не верувате во тоа?

Мицкоски: Јас ви гарантирам ако истрагата е објективна, а до сега гледаме дека е се само не е објективна, бидејќи ако случајот бил пријавен до премиерот од страна на жртвата во месец мај, а ние ги имаме приведувањата во август, па ни требаше Катица Јанева да се врати од сончање од плажите кај нашиот јужен сосед и да ги уништи телефоните, односно форензички да ги избрише, самото тоа реферира дека ние денеска немаме честита и непристрасна истрага. Но, еве, да речеме дека истрагата ќе се води како што треба, тогаш ќе видите дека ниту „Лобутин“ кондурчињата биле за бадијала, ниту, пак, оние спектакли што ги организираше Меѓународниот сојуз. Па, видете има ли поголема потврда од следнава какафонија. Излегува онаа жена, ќе ми простите ѝ го заборавив името, вели дека Силјан Мицевски за идејата ѝ платил 720.000 евра, а Силјан Мицевски пред суд дава изјава за медиумите дека он не ги дава на жената, туку ги префрлил на сојузот.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено