ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2024 07:32
Од Тетово
пристигнаа видеа и фотографии од синоќешните поплави. Интензивниот
повеќе часовен дожд од вчера
попладне до доцна синоќа придонесоа поплавување на коловозните ленти на
булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата
ги пренасочувала возилата да
одат по други улици.
Тетово Инфо на Фејсбук објави видеа и фотографии од поплавените делови во градот, каде што информираат и дека пожарникарите успеале да извлечат возач што во автомобилот бил заглавен на патот кај Желино.
ТППЕ Тетово информираше дека имале повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.
Инаку, според метеопрогнозерот, Славчо Попоски, циклонската активност во Македонија ќе се задржи и за време на овој викенд.
-Времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава град. И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 24 степени. Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Можеби ќе ве интересира
МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје
