МИЦКОСКИ ЗАКЛУЧИ “ПРОБЛЕМИТЕ СО БУГАРИЈА СЕ ПРОДЛАБОЧЕНИ“: Цело утро хеликоптери летаат над Скопје
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2023
На гробот на
големиот македонски великан, Гоге Делчев, утринава се поклони лидерот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ја предводеше партиската делегација.
-Тоа што не разочарува и создава едно посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот и дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите можете да видите денеска во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок прв степен, хеликоптери летаат или можам да заклучам дека не само што не ги решиле, туку и ги продлабочиле, нагласи Мицкоски, додавајќи дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде за сите.