МИГРАЦИЈАТА ОД СЕЛО ВО ГРАД ЌЕ СЕ „РЕШАВА“ СО СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ – Еве какви новини носи новиот Закон и какви тела ќе се формираат
Објавено во: Економија 18 Јули, 2023 07:31
Надлежните
скорија нов закон со кој планираат да ги подобрат ефектите во земјоделскиот
сектор. Во Собрание е доставен нов закон за советодавен систем за
земјоделството и руралниот развој,
со кој што се цели кон подобро управување и регулирање на советодавните услуги.
Како што напишале од Владата, кои се предлагачи на овој закон, постоечката правна рамка за управување, координација и регулирање на давањето на советодавни услуги во секторот е несоодветна бидејќи опфаќа само еден учесник од јавниот сектор.
- Анализите и истражувањата во секторот земјоделство покажуваат тенденција на зголемена миграција од село во град и намалување на бројот на луѓе кои живеат во руралните средини, при што ваквата состојба предизвикува недостиг на стручни лица кои можат да придонесат во развојот на руралните средини преку давање на совети. Потребно е да се направи правна рамка која ќе овозможи простор групи и поединци да бидат насочени и поддржани од државата во организиран систем чија цел ќе биде професионално и експертско делување преку советување на директните чинители во земјоделското производство – се наведува во образложението на законот.
Како главни причини за несењето на овој закон се преоптовареност, недоволно ресурси и некоординиран советодавен капацитет на јавниот сектор, и напори да се балансира исполнувањето на главните административни и советодавни функции. Појаснуваат дека приватните советници се главно активни во земјоделскопрехранбената индустрија со давање услуги главно на најразвиените производствени сектори.
- Врските помеѓу советодавните услуги, обуката, образованието и истражувањето се ретки, или недостасуваат или се неефикасни што доведува до недостаток на механизми за координација кои ја олеснуваат синергијата помеѓу тековните советодавни услуги и институциите за обука, образование и истражување. Давањето на советодавни услуги е со променлив квалитет, достапност, доверливост и доследност. Овие услуги во моментот се обезбедуваат и преку даватели од јавниот и приватниот сектор (претежно од АПРЗ), со ограничена координација и ограничени информации достапни за земјоделците за тоа кој што нуди. Исто така, нема јасна слика во однос на обезбедувањето информации и обука особено во мрежата на даватели на совети во јавниот сектор. Тие доминантно обезбедуваат информации на фармерите за конкретни теми, и совети главно насочени за подготовка на ИПАРД апликација – појаснуваат во законот предлагачите.
Основна цел на законот е воспоставување на квалитетен советодавен систем преку обезбедување совети за правилна примена на законодавството на ЕУ и националното законодавство во областа на земјоделството и руралниот развој.
- Советодавниот систем се воспоставува со цел да се подигне и подобри нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделците во руралните средини, преку обезбедување совети за правилна примена на добрите земјоделски и еколошки практики, како и помош во поддршката за подобрување на конкурентноста во земјоделството и оддржливите земјоделски практики. Особено важна цел на регултивата е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт. Со пропишување на видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги – се наведува во законот кој веќе е во Собрание.
Со законот се предвидува формирање советодавниот систем за земјоделство и рурален развој (АСАРД) и систем на знаење и информации во земјоделството ( АКИС), развој на стратегија за АКИС, препораки за развој на наставните програми за стручно образование и обука за советници и даватели на советодавни услуги. Исто така се планира дефинирање на опсегот на советодавни услуги, препораки за програмите за обука на земјоделците и другите заинтересирани страни во руралните средини во согласност со редовните проценки на потребите за обука, воспоставување соработка меѓу различни тела и институции вклучени во истражувањето, советувањето, образованието и иновациите преку координација и вмрежување. Потоа сертификација на советници, регистрација на советници и лиценцирање на даватели на советодавни услуги и воспоставување и одржување на интерактивен ИТ систем за АСАРД.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




