29 Септември, 2024
0.0311

Мигрантите ја разбудија мафијата!

Објавено во: Анализа 29 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Организираните криминални групи во Италија покажаа сериозна генијалност што се однесува до приходите. Кризата со миграцијата кон Европа се покажа како нов извор на нелегални профити за мафијата, пишува FT. Грижата и исхраната на мигрантите може да ја чини италијанската влада околу 800 милиони евра годишно. Властите освен тоа даваат 35 евра на ден на приватни лица, фирми и невладини организации за да ги заштитуваат мигрантите. Во сумата се вклучени и предадените в џеб пари во износ од 2,5 евра дневно, за кои се претпоставува дека директно треба да се даваат на бегалците. Овие средства сепак се неодоливо привлечни за мафијата, според италијанските обвинители и антимонополската група. Тие посочуваат дека криминални групи успеале да манипулираат со доделувањето на договорите за управување на прифатни центри за мигранти, а неколку од случаите доста прошушкаа неодамна, наведува весникот. "Ова е многу широко распространет проблем. Пречекот на мигрантите стана голем бизнис", коментира Габриела Страмачони, која е одговорна за социјална политика на Libera - една од организациите за борба против мафијата во Италија. Во пресретнат од полицијата телефонски повик минатата година Салваторе Буци, социјален активист, кој лежел во затвор за убиство во 80-тите години, наведува: "Имате ли идеја колку многу се заработува од имигрантите? Дрогата е се помалку профитабилна ". По разговорот тој е уапсен, но досега ги негира обвинувањата против него. Оваа недела повторно потсети на степенот на тежина на бегалската криза, откако најмалку 40 лица се удавија на неколку милји од италијанскиот брег. Оние кои успеваат да стигнат до брегот, се соочуваат со сериозни пречки да се изгради повторно живот во Европа. Интервенцијата на криминалните елементи во нивното сместување дополнително ја влошува нивната ситуација, бидејќи се намалува пристапот до услуги за бегалците. Ова ги поддржува во извесна смисла и активностите на антиимигрантските групи, кои сакаат да ја блокираат секоја форма на државна помош за новодојдените. Според италијанските власти криминално претпријатие кое доминира во бизнисот со сместувањето на барателите на азил, е базирано во Рим. Тоа е познато како Mafia Capitale и е јавна тајна е дека ја направило корупцијата еден од главните извори на приходи. Традиционалните криминални групи во Италија, како Cosa Nostra во Сицилија, калабриската Ndrangheta и неаполската Camorra, исто така се поврзуваат со овој "бизнис", но се доста помалку активни. Римската организација беше откриена од страна на обвинителите во декември минатата година. Истражните органи посочуваат дека таа е поврзана со локални политичари и државни службеници, а ја договорила експлоатацијата на центри за мигранти од "задруги" и добротворни групи кои всушност служат на нејзините интереси. Џовани Салви, поранешен главен обвинител на Катанија, Сицилија - една од дестинациите за многу од бегалците, наведува дека мафијата успеала да се вметне во оваа активност заради степенот на протокот на луѓе. Државните службеници имаат мака одамна да најдат места за сместување, од кои корист ќе имаат организираните криминални групи. Салви открива сепак и нов "елемент" во миграција криза - некои невладини организации учествуваат во експлоатацијата на бегалците. Обработка: К.К. Извор: FT