20 Декември, 2025
0.0494

Мигрантите поминуваат организирано помеѓу Грција и Македонија

Објавено во: Балкан 26 Август, 2015 11:29

Добивај вести на Viber

Падна напонот од бегалскиот бран на границата помеѓу Македонија и Грција. Мигрантите преминуваат непречено и организирано.

Најмногу тензично е на српско-унгарската граница, каде бегалците слегуваат од автобусите и возовите и прдолжуваат полноќнио патување пеш, минувајќи на територијата на ЕУ.

Со наближувањето на крајниот рок за завршување на граничниот ѕид кој Унгарија го гради - 31 август, се очекува последното бегалско невреме.

Автобусите кои ги превезуваат бегалците кон Унгарија, застануваат во кампот на неколку километри од границата. Оттаму очајните луѓе тргнуваат пеш по железничката линија, која се уште не е препрека за нив.

Други одат покрај долгата 175 километри ограда од бодликава жица, во потрага по друга пукнатина и слаби места, пред завршување на стабилната ограда.

Според податоците на српските власти околу 8 илјади бегалци се на српска територија, патувајќи кон унгарската граница. Многу од нив ги поминуваат ноќите во градските паркови.

Белград разгледува итен план за изградба на центри за сместување во близина на главниот град. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјавил пред неколку дена дека стеснувањето на влезот во Шенген зоната ќе создаде голема тензија. Според него, кога оградата ќе стане факт, мигрантите ќе се насочат кон Бугарија и Хрватска.

Агенцијата за бегалци на ОН изјавила дека очекува приливот на бегалци од Србија и Македонија и од Грција да се зголеми со интензитет од 3 илјади луѓе дневно и да трае со месеци.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација