Добивај вести на Viber
Мигрантите во кампот Идомени штрајкуваат со глад, а утрово е блокиран и автопатот Поликастро-Солун во двата правци.
Мигрантите во знак на револт денеска поставиле и шатори на автопатот. Локалните власти бараат поголемо полициско присуство за да не дојде до инциденти, бидејќи мигрантите без никакви најави го блокираат излезот на Поликастро, кој е еден од пофреквентните патни правци во тој дел на Грција.
Се протестира и во Идомени, каде со денови околу 12.000 луѓе ги блокираат пругите и бараат да продолжат кон Западна Европа.