Мијалков даде исказ, но не одговараше на новинарски прашања
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков денеска даде исказ во Специјалното јавно обвинителство, а потоа си замина и ги избегна прашањата на новинарите.
Во придружба на адвокатот Никола Додeвски, Мијалков ја напушти зградата и ги избегна новинарите.
Тој беше на распит во СЈО за случајот „Тортура“ во кој тој е првоосомничен за сурово и брутално апсење на поранешниот министерот за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во 2011 година. Мијалков, вчера беше на распитот во Кривичниот суд. Случајот „Тортура“, СЈО го презентираше на 28 март.
Судот денеска го одби барањето на СЈО за определување на мерки на претпазливост за три лица кои се товарат во случајот „Трезор“. На Мијалков не му е одземена патната исправа.