20 Декември, 2025
0.1135

Мијалков: Нема селективна правда, грешката во имотниот лист е корегирана

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2013 18:19

Добивај вести на Viber

Опозицијата неосновано и без докази обвинува за селективна правда, грешката во имотниот лист е корегирана, а тајната полиција никогаш не била толку спремна како сега, вели директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков во интервју за Дневник. Во однос за обвинувањата за селективна правда, како што вели, за опозицијата криминал во Македонија никогаш не постоел. „По нивна логика, сите се невини, дури и ако судот врз основа на докази пресуди поинаку…. Граѓаните може да се жалат дека платиле, а не добиле стан, но за нив афери како ’Фиком’ не постојат. Обвинетите од ’Машинопромет’ ги прогласија за невини, а не објаснија како стока книжена со вредност нула и отуѓена за уништување на отпад се продава во продавници по регуларна цена?… Да, ние правиме селекција, но селекција на оние што го почитуваат законот и на оние што работат спротивно на законот и се богатат на грбот на граѓаните. За нив немаме и нема да имаме милост без разлика на политичката припадност. Опозцијата прави селекција во зависност од тоа дали е некој нивни член или симпатизер… Лицемерие и недоследност“, смета Мијалков. Тој посочува дека корегирана е грешката во неговиот имотен лист, за што помеѓу останатото го прозиваше пратеничката од СДСМ, Радмила Шеќеринска. „Корегирана е единствената грешка во имотниот лист и очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да се произнесе по сите направени проверки. Нема ниту конфликт на интереси. Законот не забранува функционер претходно да поседувал приватен бизнис,“објаснува Мијалков. Првиот човек на тајната полиција исто така вели и дека Министерството за внатрешни работи и УБК сега се во многу подобра кондиција од онаа претходно. „Тоа што го затекнавме во 2006 година беше во најмала рака срамно и вџашувачко... Како некој намерно да сакал да ги девалвира службите, а преку нив да ја влоши и позицијата на земјата“, вели Мијалков за Дневник и додава дека оттогаш е набавена современа опрема, обновен е возниот парк, набавени се хеликоптери и направени се низа инвестиции во полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии