МИЈАЛКОВ УШТЕ ЌЕ СЕ ШЕТА: Судот не му го одзеде пасошот
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
Екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавања засега патната исправа ќе ја има кај себе.
Судот денеска го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерки на претпазливост за три лица кои се товарат во случајот „Трезор“.
Од Основниот суд кратко образложуваат дека предлогот бил неоснован и затоа се отфрла.
Според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период управувал сега починатиот Коста Крпач, набавувале опрема за УБК и го оштетиле буџетот за 862.045 евра.
Мијалков пак денеска се појави на распит во СЈО за случајот „Тортура“ во кој случај тој е првоосомничен за сурово и брутално апсење на екс министерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во 2011 година.