Мила Царовска: Вчера 14 деца биле позитивни, училиштата нема да ги кажуваме
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2021 11:52
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска брифираше дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 14 позитивни ученици на Ковид-19.
Таа додаде дека овие ученици не биле заболени во училиште, односно дека не биле затекнати како позитивни во текот на наставата и дека немало трансмисија.
- Тоа е морам да истакна 0,01 процент од вкупниот број на ученици во државата, затоа што во моментов со физичко присуство настава посетуваат повеќе од 233.000 ученици.
Затоа посакувам само да овој процент остане во периодот кој што ни следи заради останување на најдобриот пристап, а тоа е физичкото присуство со почитување на протоколите, рече министерката.
Таа додаде дека нема да бидат посочувани во јавноста училиштата каде што има позитивни ученици.
- Тоа е работа на училиштата, посочување со прст нема да донесе добро на никого. Тие што треба да знаат се само наставниците, родителите и самите ученици. Си имаат добиено решенија и се постапува согласно протоколите
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





