МИЛАНОВИЌ ОДБИ СРЕДБА СО НЕНСИ ПЕЛОСИ, „НЕ МОЖАМ ДЕНЕСКА И ТОЛКУ“: Таа не е ни извршна власт
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2022 15:03
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ вели
дека не верува дека ќе се сретне со претседателката на Конгресот на САД, Ненси
Пелоси, бидејќи таа веќе утре заминува од Хрватска.
-Американците побараа средба, но, не можам денеска и тоа е тоа. Не е извршната власт, за две недели нема да биде ова што е сега - рече Милановиќ.
Тој исто така додаде дека американската покана веројатно била само од куртоазија.
Тој нема да учествува на состаноците на Кримската платформа бидејќи „не знае дали е поканет, и затоа што гледа многу цинизам и нечесност кон кутриот украински народ и не сака да биде уште еден „позер“ кој ќе учествува во него“.
- Тоа е иницијатива на претседателот на парламентот, јас сум претседател на државата и затоа не учествувам. Се додека Хрватска не е нападната и не е во војна, јас нема да учествувам - вели Милановиќ.
ФОТО: EPA/IGOR KUPLJENIKМожеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




