05 Декември, 2025
0.0337

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Објавено во: Економија 15 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум Смарт Инвест Гроуп, кој обединува неколку познати градежни инвеститори од пелагонискиот регион во изградбата на станбени комплекси.

Поранешниот најблизок соработник на екс-премиерот Никола Груевски во „Смарт Инвест Груп“ од изминатата недела станува член на групацијата на местото на градежниот инвеститор Крсте Неделковски од Битола, инаку познат како сопственик на градежните фирми „Конкрит“, „БВ Инженеринг“.

Досегашните соработници на Неделковски од сега ќе му бидат бизнис-партнери на Јанакиески и тоа познатите битолски бизнисмени Драги Филевски (Марио Матео), Пеце Талески (ОХО Продукција), Филип Стојчевски (Чифлик), Владимир Христовски (Графо пром) и Исни Абази (Оне Финанце).

Јанакиески минатата година во јуни излезе на слобода по шест години минати во затвор за предметот Титаник поврзан со изборни нерегуларности за кој тој призна вина. Во 2022 година беше осуден на 4 и пол години затворска казна а следната година скопска Апелација му ја намали на 3 и пол години. Лани во март Апелациониот суд одлучи да ја уважи жалбата на Јанакиески со која бараше условен отпуст, кој што го доби уште порано.

Јанакиески беше обвинет и во предметите Топлик и Талир, но со измените на Кривичниот законик кривичните дела во овие предмети застареа. Тој од оваа година е амнестиран и за случајот „Организатори на 27 април“,  Поранешниот функционер е обвинет и во предметот „Шпански скали“ за кој не е познат епилогот.

„Смарт Инвест Гроуп“ на својата веб-страница информира дека во моментов има инвестициски фонд од 30 милиони евра и дека гради станбени згради во битолската елитна населба „Златен рид“, Широк Сокак и други атрактивни локации во овој град, како и во Куманово и Скопје, каде ќе се гради комплекс од 128 станови кај Момин Поток во Карпош.

За поранешниот министер за транспорт и врски неофицијално се зборува дека е актуелен консултант за земјиште на големи градежни моќници. Концептот на работа на „Смарт Инвест Гроуп“, основан пред две години, е да собира заеднички средства од инвеститори кои би вложувале во идни градежни проекти.

„Друштвото за градежништво, производство и услуги СМАРТ ИНВЕСТ ГРОУП ДОО Скопје е просперитетна и влијателна инвестициска групација која делува во разнообразни сегменти на македонскиот бизнис и општество. Нејзината уникатност произлегува од вклучувањето на искусни и реномирани македонски претприемачи со повеќе од две децении искуство во области како: градежништво, ИТ-технологија, финансии и банкарство, трговија и угостителство, медиуми, маркетинг, печатарска индустрија и многу други. Мрежата на компаниите кои се дел од SMART INVEST GROUP е јасен индикатор за нивната сериозност и потенцијал за постигнување на долгорочни цели“,пишува на веб-страницата на оваа групација.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија