05 Декември, 2025
0.1468

Милениумскиот крст ќе се уредува за 1,1 милиони евра

Објавено во: Македонија 29 Март, 2014 10:42

Добивај вести на Viber

Компанијата „Турбоинжинеринг“ победи на тендерот за реконструкција и доградба на Милениумскиот крст, што го распиша ЈСП Скопје. Оваа фирма за 1,1 милиони евра во рок од 9 месеци треба да ги заврши работите - заштита на крстот од кородирање, осветлување, довод и одвод на вода, промена на лифтот, пречистителна станица за прочистување на отпадната вода. На тендерот, „Турбоинжинеринг“ го победи конкурентот скопски „Бетон“, кој исто така беше заинтересиран да ја изврши доградбата. Во првичните понуди на тендерот, понудата на „Бетон“ беше пониска, но на јавното наддавање „Турбоинжинеринг“ понудил да ја заврши работата за околу 50 илјади евра помалку. Тендерот за доизградба на овој објект ЈСП го распиша во декември откако претходно од Градот Скопје го презеде правото за стопанисување со Милениумскиот крст. Тендерот на два пати беше и продолжуван, на барање на фирмите заинтересирани за учество. Во меѓуревеме, од ЈСП информираат дека за еден месец ќе започне да работи ресторанот во приземјето на Милениумскиот крст. „Додека не се донесе водата од новиот бунар, ќе се работи со техничка вода. Изведбата на ресторанот е при крај, а со него ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски“, изјави Мишо Николов, директор на ЈСП. На локацијата е предвидена да се гради и црква со конаци, по идејното решение на архитектот Јован Стефановски - Жан, кој е автор и на проектот за Милениумскиот крст на Водно.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија