05 Декември, 2025
0.1820

Милијарда денари за подобрување на животот во селата

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2013 19:49

Добивај вести на Viber

Со повеќе од 1 милијарда денари, ќе бидат поддржани 134 општински инфраструктурни проекти во 72 општини, а преку Програмата за рурален развој. Ова , посочуваат надлежните, е највисока поддршка досега за локалната самоуправа по обем и квалификации. Најавено е дека ќе се даваат пари за  проекти што ќе го подобрат животот во руралните средини. „Покрај тоа што веќе финансираме 134 проекти, од програмата за 2013-та година истовремено ја започнавме работата на новите програми кои ќе следуваат од 2014-та година па натаму. Во почетната фаза се собираат мислења од релевантните институции, ќе бидат консултирани и општините, со цел да се направи уште една квалитетна програма како што беше и оваа“, појасни денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Притоа посочи тој, сите 72 општини што аплицирале добиле поддршка за зајмалку еден проект, а некои општини и за по два или три проекти.  20 отсто од средствата се очекува да бидат авансно исплатени до крајот на годината, информираше директорот на Платежната агенција Тони Димовски, а останатите по реализација на проектите во 2014 и 2015 година. На објавениот повик за мерките пристигнале вкупно 174 барања за финансиска поддршка. „Проектите главно опфаќаат инвестиции во изградба на локална патна инфраструктура, вклучително и мостови, поврзување две или повеќе села во должина до пет километри, поврзување села со регионален пат или населено место во должина од седум километри, водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители, вложувања во објект за продажба на земјоделски производи и добиток, изработување урбанистички планови, изградба и реконструкција на селски улици во должина од еден километар, плоштади и шеталишта во рурални средини, патишта до излетнички места и нивно уредување, како и означување културни и природни знаменитости“, рече Димовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите