05 Декември, 2025
0.0307

Милион и 730 илјади евра за нов систем против перење пари

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2012 15:05

Добивај вести на Viber

Со преку проект вреден еден милион и 730 илјади евра, а по норвешки модел македонската Управа за финансиско разузнавање  ќе воспостави систем за електронско поврзување на сите субјекти што се вклучени во борбата против перење пари и финансирање тероризам. Кралството Норвешка обезбедува 1.430.000 евра и со тие пари,а со поддршка на Единицата за финансиско разузнавање на Норвешка ќе се изработи софтверско решение за размена на информации по електронски пат помеѓу Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Управата за јавни приходи. Со тоа ќе престане праксата за  доставување податоци од дел од институциите во хартиена форма. Системот треба да биде оспособен за 14 месеци, по што ќе следи едногодишен тест период. Проектот се состои од две компоненти. Во првата се предвидени активности за соработка и усогласеност со субјектите и институциите во доставување податоци и размена на информации. Ќе се развие модерна „веб апликација“ со целосен дизајн и функционалности за користење за корисниците, банки, менувачници, брз трансфер на пари, нотари и сите останати субјекти, со цел побрзо, посигурно и поефикасно доставување на податоците.  Во втората компонентна ќе се работи на имплементација на автоматска обработка на податоците во Управата, напредно менаџирање на случаи, визуелна анализа, проток на информации, интелигентни пакети и разузнавачки извештаи. Норвешка има воведено апликација против перење пари од 2008 година.        

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања