Милион патници летале од Скопје со „Визер“
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2014
„Визер“, најголемата ниско буџетна авио-компанија во Источна Европа, денеска објави дека од стартот на нивната работа во Скопје во јуни 2011 до сега имаат превезено 1 милион патници.„Визер“ моментално имаат два авиони “Ербас А320” кои досега имаат пренесено скоро 600.000 патници во последните 12 месеци на 14 рути во 8 земји.
Ова се поклопува со очекувањата за 1 авион и 300.000 патници за година, Меѓународниот аеродромски совет, кој претставува преку 450 аеродроми во 45 европски држави вклучувајќи ја и Македонија, откри дека за превезени милион патници, се подржуваат 1000 работни места во регионот. „Визер“ е воодушевен што наместо да подржува 300 работни места во регионот, како што било предвидено, подржува 600.
“Ние сме воодушевени од извонредниот раст кој го забележуваме во Македонија. Во 2012 година најавивме едeн авион во Скопје и со самото пристигнување на вториот авион во март 2014 година, ги удвоивме сите наши очекувања креирајќи нови работни места и повеќе рути од Македонија. Ние остануваме посветени кога станува збор за поддршка на туризмот и на воздухопловството во државата. Моментално вработуваме 47 луѓе како дел од екипажот за овие два авиона и сè уште бараме нови кандидати. Ние сме им благодарни на нашиот персонал од Македонија и на патниците што го поддржуваат извонредниот пораст на македонските нискобуџетни рути” - изјави Даниел де Карвалхо од „Визер“.