Милионерите ги полнат сметките
Објавено во: Анализа
25 Февруари, 2015 11:30
Добивај вести на Viber
Некогаш пазарна капитализација од над 1 милијарда долари беше цел, која само некои смели старт-апи си ја поставуваа. Уште помалку беа оние кои успеваа да ја постигнат. Сега се повеќе млади компании успеваат да ја постигнат оваа цел и собраните од The Wall Street Journal податоци го илустрираат тоа совршено.
Според податоците во моментов има барем 73 приватни компании кои се проценети на над 1 милијарда долари. Ова ниво е над два пати повеќе од врвот при точка-com бумот во почетокот на милениумот, дури и кога ќе се земе во обзир инфлацијата.
Само во 2014 година 48 компании беа примени во елитниот клуб, а 16 поранешни членови (на пример Beats Electroics и GoPro) го напуштиле бидејки станаа јавни или биле придобиени.
Оценките на некои од овие компании би биле незамисливи пред неколку години. Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi и апликацијата за споделено патување Uber се проценуваат на повеќе од 40 милијарди долари. Тие ги надминуваат по капитализација многу јавни компании кои постојат со децении.
Дополнително на ова, бројот на старт-апите во вредност од над 10 милијарди долари или повеќе е двојно поголем минатата година. Причина за тоа е намалуената потреба компаниите да стануваат јавни. Тоа од своја страна е предизвикано од изобилството од капитал за вложување, донекаде потпомогнат од програмите за квантитативни олеснувања во САД, Јапонија, а наскоро и во еврозоната.
Графиконот го покажува бројот на компании достигна пазарна оценка над 1 млр. долари по месеци:

К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени