МИЛИОНСКИ ШТЕТИ: Македонија на удар од штрајкот на грчките пристаништа
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016 13:35
Македонското стопанство и економија се најдоа на удар на грчките штрајкови кои не престануваат.
Пет милиони денари стигна бројката на шетата во последните три месеци во кои земјава се соочува и со бегалската криза но и од штрајкот на работниците на Солунското пристаниште.
Никола Костов директор на МЖ Транспорт посочи дека загубите се големи.
„Директната штета е три милиони евра, а вкупно со индиректната штета од нереализирани или договори што треба да се реализираат од страна на компаниите таа изнесува пет милиони евра“, изјави Костов.
Целото македонско стопанство трпи од штрјкот во соседството бидејќи огромни колични стока со денови се заробени во соседна Грција, а дел од компаниите за транспорт на своето пристаниште веќе почнале како алтернатива да ги користат пристаништата во Јадранското Море.
И металуршката и нафтената индустрија не се имуни на штрајковите на грчките работници , а Стопанската комора бара во овој проблем да се вклучи и Европската Унија.
Поради принуденоста на корисниците на железничкиот превоз да ги користат пристаништата во Драч, Бургас, Варна, Ријека, Бар, алтернативниот превоз ги чини компаниите трипати поскапо, односно 20 долари повеќе по тон.
Засега не се знае до кога ќе траат блокадите во Грција, но компаниите и фирмите допрва ќе си ги бројат штетите.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




