18 Декември, 2025
0.0481

МИЛИОНСКИ ТИРАЖ: Во продажба најновиот број на „Шарли Ебдо“

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2015 09:42

Добивај вести на Viber

Најновото издание на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ од денес е пуштен во продажба, а на насловната страна се наоѓа цртеж со пророкот Мухамед кој плаче и држи порака во рацете „И јас сум Шарли“. Најновото издание е испечатено во три милиони примероци, по само една недела од исламистичкиот напад врз редакцијата на магазинот во Париз, во кој беа убиени десет новинари и двајца полициски службеници, пренесува „BBC“. Новиот број кој го изработија преживеаните членови на редакцијата достапен е во 25 земји и на 16 јазици, пренесува „AFP“. Браќата Саид и Шериг Куаши на седми јануари убија 12 лица во напад на редакцијата на „Шарли Ебдо“ меѓу кои и петмината најдобри карикатуристи и други пет члена на редакцијата. По извршениот напад браќата извикувале: „Го осветивме пророкот Мухамед“. Весникот „Шарли Ебдо“ во минатото повеќе пати објавуваше сатирични карикатури на пророкот Мухамед, што во некои муслимански земји предизвика голем бес и одржување на протести. Редакцијата на францускиот магазин поради закани од радикални исламисти од 2006 година беше под полициска заштита. Преживеаните членови на редакцијата се заколнаа дека ќе ја зачуваат традицијата на магазинот чија сатира е мета на сите религии, политичари, јавни личности и актуелни случувања. Иако меѓу муслиманите во Франција е раширено мислењето дека овој весник ги стигматизира муслиманите, Арапскиот светски институт во Париз дава потполна поддршка за солидарност во кампањата „Јас сум Шарли“, која беше покрената како симбол на отпор против теророт. На зградата на Институтот поставен е голем транспарент на кој со црвени букви пишува „Сите сме Шарли“. Sharli  

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил