05 Декември, 2025
0.1613

„Милкооп“ – прва кооператива за трговија со млеко

Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2013 15:06

Добивај вести на Viber

За подобро искористување на потенцијалите во примарното производство на млеко, преку здружување на фармерите од неодамна функционира и првата кооператива за млеко, односно за трговија со млеко „Милкоп“, соопшти кооперативата. Формирана е од фармери, со цел нивно подобро организирање, развој и поголема сигурност во работата. Основана со цел да ги штити интересите на своите членови и кооперанти, сите инвестиции во кооперативата треба да придонесат кон повисок квалитет на млекото, а со тоа и подобри откупни цени и позиција на кооперативата во синџирот на набавки. За своите кооперанти „Милкоп“ ќе понуда добра откупна цена, а на фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото и помош околу обезбедувањето на субвенции од страна на државата. Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа реални економски параметри. „Милкооп“ ќе функционира согласно со националната стратегија за развој на производството на квалитетно млеко, ќе работи според законските определби и соработува со сите надлежни институции во државата. Поддржана е од ФФРМ, а веќе има остварено средби и со претставници од Министерството за земјоделство.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?