08 Октомври, 2024
0.0270

Милошоски: Дали Богоев беше во ОЈО за „Рекет“ поради “Карпош на вода“?

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека е можно градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и Војан Јовановски, првообвинет во случајот „Рекет“, имале заеднички интереси и токму затоа можно е да бил повикан на разговор во обвинителството.

„Градоначалникот на Карпош, Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Јавното обвинителство во врска со случајот "Рекет", во кој замешани се Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта. 
Битни прашања се дали се ова причините зошто Богоев беше во ОЈО за "Рекет":
1. Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки13 и Богоев во Ноември 2017та?
2. Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?! 
3. Планот за измена на ДУП "Карпош на вода", десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки13 го нарекол поинаку)?! 
4. Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?! 
5. Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?“, напиша Милошоски претпладнево на својот профил на Фејсбук.

Инаку, Богоев беше повикан во обвинителството да даде исказ еден ден пред градоначалничката на Битола, но ниту од таму ниту пак градоначалникот можеа да откријат повече детали поради истрагата.

„Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија“, гласеше одговорот од таму.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл